Во Италија оздрави 104-годишна жена од коронавирус

од Vladimir Zorba

104-годишна Италијанка од градот Лесона на северот успешно се опорави од новиот коронавирус.

Весникот „Република“ објави дека Ада Занусо, која живее во старечки дом во кој починале 20 лица од Ковид-19, закрепна од вирусот, а лекарите велат дека нејзината болест не влијаела на нејзината луцидност и интелигенција, пренесува Си-Ен- Ен.

„Нејзиното закрепнување е голема радост и награда за сите што се грижеа за неа во овие тешки денови“, рече д-р Карла Фунто Марчезе, пренесува Танјуг.

Таа, наводно, не е единствената постара пациентка која го надминала овој вирус, но нејзината приказна влева надеж.

Слични содржини