Во судир на повеќе возила повредени три лица кај Струмица

од Берта Китинска

Утрово во 07:40 часот се случи тешка  сообраќајна несреќа  на регионалниот пат Струмица- Ново Село, меѓу селата Дабиле и Босилово, инфомираа од ТППЕ Струмица.

Во сообраќајката едно лице е потешко повредено, а две полесно. Во неа учествувале три автомобили „тојота корола“, „шевролет спарк“ и „рено твинго“. Од силината на ударот еден автомобил се запалил, но пожарникарите успеале да го извлечат повредениот од него.

Во извлекувањето на повредените пожарникарите користеле и специјален хидрауличен алат.

На местото на несреќата увид изврши увидна екипа на струмичката полиција.

Слични содржини