Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 42 новинари, објави телевискиот канал НТВ, што претставува последен случај за пресметка, по неуспешниот обид за воен преврат во земјата.143eabb7-1a21-4bb9-aec9-30e6b31ee3c6

Според информациите на НТВ, познатата коментаторка и поранешна пратеничка во турскиот Парламент, Назли Илиџак се наоѓа на списокот со новинари, за кои е издаден налог за апсење.

Турските власти уапсија и водат истрага за повеќе од 60.000 војници, полицајци, судии, образовен кадар, државни службеници и други, по неуспешниот обид за пуч и за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен.

Слични содржини