ВО ЖИВО: Започна судењето на Трамп во Сенатот, демократите тврдат дека имаат „несоборливи“ докази

од Stefanija Kuzmanovska

Втората постапка за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп започна во американскиот Сенат.

Процесот на импичмент поради обвинувањата за „поттикнување бунт“ непосредно пред „смртоносниот поход на приврзаниците на Трамп на Капитол Хил на 6 јануари“ беше отворен од сенаторот Патрик Лихи, а на почетокот беа објавени видеа кои го покажуваа насилното однесување на луѓето кои упаднаа во Конгресот.

Демократите тврдат дека имаат „несоборливи“ докази за вината на Трамп, додека правниот тим на поранешниот американски претседател одговара дека демонстрантите дејствувале независно и оценува дека постапката во Сенатот е „апсурдна и неуставна“.

Трамп е единствениот американски претседател против кого е покрената постапка за отповикување двапати и трет во историјата на американската република.

Доколку Сенатот одлучи да го отповика, Трамп никогаш не би можел да се кандидира повторно, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство од вкупно 100 сенатори.

Демократите имаат 50 места во Сенатот и веројатно нема да имаат поддршка од доволен број (17) републикански сенатори.

Двете страни, обвинителството и одбраната, ќе имаат по 16 часа да ги изнесат своите аргументи.

Слични содржини