Вработена на Клинички заработила тешки телесни повреди по пад на паркингот

од Aleksandar Petrovski

Вработена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ заработила тешки телесни повреди, откако паднала на паркингот во клиниката.

– На 30.07.2020 во 10.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била донесена повредена Д.Д.(58) од Скопје, вработена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – стои во соопштението од МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и по кажување на повредената констатирале дека таа паднала на паркингот во клиниката додека одела на своето работно место, при што ѝ биле константирани тешки телесни повреди.

Слични содржини