Врховниот суд ѝ го одзеде синот на Северина, Милан Поповиќ доби целосно старателство

од Stefanija Kuzmanovska

Северина Вучковиќ ја загуби правната битка за старателството над синот Александар, а Врховниот суд донесе одлука старателството над нивното малолетно дете целосно да му се врати на таткото Милан Поповиќ.

Според хрватските медиуми, од пресудата е видливо и дека никој од вештаците не бил сослушан и дека било побарано вештаците да бидат усно сослушани.

Имено, откако Жупанискиот суд во Сплит во август 2021 година донесе одлука старателството на малолетниот Александар да го подели „на половина“ меѓу таткото Милан Поповиќ и мајката Северина Вучковиќ, новата пресуда на Врховниот суд открива дека Поповиќ повторно презема целосно старателство без да го сподели со мајката Северина. Според информациите, оваа одлука стапува на сила веднаш, без да се чека евентуалната жалба на Северина Вучковиќ, според извештајот што го поседува хрватскиот портал „Национал.хр“.

Од пресудата се гледа дека никој од вештаците во предметот Поповиќ-Вучковиќ не бил сослушан, туку судот го поседувал писмениот извештај и мислењето на вештачењето. Обвинителот немаше забелешки на истото, а обвинетиот се спротивстави на наодот и мислењето, што секако влијаеше на расплетот на овој случај.

Адвокатката на Северина нема сознанија за споменатата одлука на Врховниот суд, па не може да ја коментира, пишува во соопштението испратено до медиумите.

Северина се огласи за хрватските медиуми.

„Сега врховните судии ја дадоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое десет години ја трпи тортурата на системот, а јас заедно со него. Не сакам да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам повеќе да барам никакви неправилности, особено оние кои беа изнесени против правната практика на Уставниот суд, како што вели мојата адвокатка“, изјави Северина и додаде:

„Но, ќе се борам до последната капка крв за моето дете, без кое бев 20 месеци, нема да си играте со моето дете. Со кое право? Моето дете не е вреќа со компири за тргување. Поедноставено, тоа може да значи дека моето дете, кое го родив, одгледав, образував, кое живееше со мене од раѓање, повторно ќе го гледам во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд, сабота и недела. Нема повеќе да ме зафркавате и да се противите на желбата на детето. Тој живее и оди на училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Се срамам од оваа држава што на дете му прават такви работи, што не смеам да зборувам за да не навредам некого“.

Слични содржини