Вучиќ: Целта е да се протераат Србија и непослушните Срби од Косово за сите времиња

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека дури и да се смири моменталната ситуација во Република Косово, нешто ново ќе се случи за 15 или 30 дена, бидејќи целта на Приштина е да ја избрка Србија од Косово за сите времиња, како и „непослушниот српски народ“, пренесе „Танјуг“.

Тој по средбата со српскиот патријарх Порфирије рече дека затоа се случува криминализација на Србите.

„Со оглед на геополитичката ситуација, како и фактот дека сакаат да нè здробат и да нè скршат поради ситуацијата со Русија и Украина, не се сомневајте дека тоа ќе продолжи. Не сум сигурен дека ќе успееме да го надминеме тоа, бидејќи ние разговараме со некој кој не сака да слуша никаков аргумент“, рече Вучиќ и ѝ порача на Приштина да не апси луѓе само затоа што не им се допаѓаат.

Слични содржини