Вучиќ: „Бура“ е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна

од Vladimir Zorba

Српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање пред медиумите кога беше запрашан за заминувањето на вицепремиерот на Република Хрватска од редовите на СДСС, Борис Милошевиќ на прославата „Бура“ изјави дека тоа е нивна одлука да „слават“, а не да „жалат“.

– Што се однесува до „Бура“, се обидов да не кажам ниту еден збор лошо за оние што избраа да одат на прославата. Ние имавме собир на жалост што го организиравме, а тие решија да присуствуваат на Денот на победата, вели претседателот.

Во врска со славењето на акцијата со која беа протерани над 250 илјади Срби од Хрватска, тој рече дека нема ништо против Милошевиќ да одлучи да слави. Но, Србија нема да се вклучи во приказната.

– За мене, „Бура“ е најголемото етничко чистење по Втората светска војна во Европа. Кажете ми за некое поголемо чистење на европско тло. Знам за некое поголемо етничко чистење во Азија, а не во Европа, смета тој.

Вучиќ тврди дека Србите во Хрватска се плашат од напади.

– Кога ја посетив Хрватска, Грабар-Китаровиќ беше љубезна. Но, јас посетив српско семејство и луѓето почнаа да зборуваат нормално едвај кога се „спуштаат ролетните“, вели српскиот лидер

Слични содржини