Вучиќ: Убијците никогаш нема да излезат на слобода

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уште еднаш повтори дека сторителите на злосторствата во училиштето „Владислав Рибникар“ и во Младеновац нема да го видат светлото на денот, односно дека ќе останат во затвор до крајот на животот.

„Протести бараат оние кои бараат веднаш да го ослободиме детето монструм, да им го вратиме на родителите, дека се е во ред, па да чекаме следниот пат да го убие повторно. Верувам дека сериозна држава не смее да го дозволи тоа, дали имаме ваква или таква регулатива, нека се занимаваат адвокатите“, изјави Вучиќ за РТС.

Покрај намалувањето на прагот за кривична одговорност од 14 на 12 години, претседателот рече дека ќе продолжат разговорите со експерти и здруженија за да се види што друго може да се направи.

Слични содржини