Вујовиќ: Не може само Столе, Кире и Борко, на Македонците им треба „ново оружје“!

од desk2

Избраниците на селекторот Раул Гонзалез триумфираа над Јапонија (38:29), со пофалби за нашата селекција, но насочува дека не треба да се базира играта само врз неколку ракометари, туку треба и останатите да се придружат и така да придонесуваат.

„Еден многу интересен натпревар одиграа Македонците и Јапонците. Ми се допадна мечот, за разлика од претходно, Македонците трчаа и играа полетно. Загрижуваат големиот број на примени голови и покрај тоа што Борко имаше 20 одбрани и беше „играч на натпреварот” (напомена дека Стоилов ја доби наградата МВП). Повторно таа варијанта се повторува кај Македонците и мора нешто да променат. Лазаров, Ристовски и пивоти. Тоа е старото оружје на Македонците. Доколку не најдат компензација од лев и среден бек од аспект на ефикасност, ќе имаат многу проблеми. Ќе мора да поработат и на одбраната”, вели Веселин Вујовиќ во анализата за „Балкан-Хандбал”.

Следниот натпревар на Македонија е утре (недела), а противник е репрезентацијата на Бахреин, натпреварот ќе се одигра во 14:00 часот./Спорт.мк

Слични содржини