VW за три месеци оствари профит од 8,5 милијарди евра

од Vladimir Zorba

Германскиот гигант во производството на автомобили Фолксваген (VW) и покрај пандемијата на коронавирусот и војната во Украина, во првите три месеци од годинава оствари огромен профит од неколку милијарди евра.

Деловниот резултат, пред посебни ставки, изнесува 8,5 милијарди евра, објави Фолксваген врз основа на прелиминарните податоци.

Тоа е за 77 отсто повеќе во однос на првиот квартал од минатата година.

Слични содржини