Xiaomi ги исмева „пресеците“ во мобилните екрани (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Неодамна, Xiaomi го претстави Mi 9T паметниот телефон, кој е меѓународна верзија на Redmi K20.

Во врска со ова, компанијата започна рекламна кампања која ја нагласува карактеристичната особина на моделот, односно отсуството на отвор или „дупка“ во екранот, што се постигнува со ставање на видео камерата во подвижен механизам.

Во серијата клипови, Кинезите се исмеваат на „пресеците“ (notch) на врвот на дисплеите, пресоздавајќи ги во реални животни ситуации.

Ние ќе ве потсетиме дека самата компанија има многу слични модели, но се чини со својот нов маркетинг пристап цели да привлече внимание на својата актуелна понуда.

Слични содржини