За една недела санкционирани 287 непрописно паркирани возила во Центар

од Берта Китинска

ЈП Паркинзи на општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 287 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од 2 до 8 март со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 152 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 135 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Слични содржини