За едно деноноќие казнети 415 лица за неносење маска

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 27741 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 415 прекршоци во изминатото деноноќие, информираат од МВР.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 90 контроли во објекти при што е евидентиран 1 објект кој не ги почитувал одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 250 лице им се издадени решенија за изолација, а 3 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Слични содржини