За Нобеловата награда за мир досега пријавени 329 кандидати

од Vladimir Zorba

Досега 329 кандидати се пријавиле за Нобеловата награда за мир за 2021 година, што е трета најголема бројка досега. Рекорден број на номинирани имаше во 2016 година, кога на крајот се пријавија вкупно 376 кандидати.

Досега се пријавиле 234 индивидуалци и 95 организации и иако не се објавени имињата на кандидатите, оние што номинираат кандидати можат јавно да го објават името на нивниот кандидат, па затоа е познато дека меѓу кандидатите повторно се наоѓа Светската здравствена организација, Сојузот за вакцини (Гави9), Коалиција за иновации за време на епидемијата (Цепи), пренесува „Фигаро“.

Меѓу кандидатите се повторно Доналд Трамп, неговиот зет Џеред Кушнер, престолонаследникот на ОАЕ, Мухабед бин Зајед ел Нахајан, Грета Тунберг, Алексеј Навални, белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја и многу други.

Кандидатите за Нобеловата награда се чуваат во тајност, и можат да бидат номинирани од членови на парламентот и министри од сите земји, поранешни лауреати, универзитетски професори.

Нобеловиот комитет ќе го објави својот избор на 8 октомври, пренесе Танјуг.

Слични содржини