Забрана за мобилизираните Руси да ја напуштат единицата поради консумирање алкохол

од Stefanija Kuzmanovska

Гувернерот на Кемеровската област, Сергеј Цивилев, им забрани на мобилизираните војници да ја напуштат единицата за обука во Јурга по масовна тепачка, пренесува novayagazeta.eu.

„За жал, имавме случаи кога војниците ја напуштаат територијата на гарнизонот и потоа одат во градот Јурга да купат алкохолни пијалоци. Мојата одлука е забрана за целосно напуштање на територијата на единицата. Тоа е можно само во итни случаи: средба со мајката или сопругата кои пристигнале“, рече тој.

Цивилев исто така потврди дека дошло до тепачка, од која снимка е споделена на социјалните мрежи.

„Се сретнав со оние кои беа вклучени во тоа, го анализирав однесувањето на сите. Тие им дадоа збор на сите офицери и ветерани кои се тука дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори и нема да го нарушат воениот ред“, рече тој.

Тепачката, која ја опиша гувернерот, се случила на територијата на базата на 74-та одделна моторизирана пукачка бригада. Како причина за тепачката се наведува „неконтролираното пијанство меѓу мобилизираните“.

Слични содржини