Заев: Да празнуваме како одговорни граѓани,Велигден како празник на надежта, да донесе благосостојба

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски Господин Господин Стефан, до членовите на Синодот и свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, како и до сите православни верници по повод големиот празник Воскресение Христово – Велигден.

-Велигденските денови се можност да се свртиме кон себеси и кон нашите најблиски, да создаваме добри дела и да покажеме солидарност, почитување и разбирање еден кон друг. Да празнуваме како одговорни граѓани, а Велигден, како празник на надежта, да донесе благосостојба, радост и сплотеност во нашите домови.

Празникот на спасението, кој го означува крајот на Христовите страдања и со кој ја славиме победата над смртта, нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност да понесеме одговорност за доброто на сите во нашата заедница. Да се заштитиме себеси и здравјето на блиските.

Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!Христос воскресна! Навистина воскресна!, напиша Заев.

Слични содржини