Заев донираше амбулантно возило во боите на македонското знаме на струмичката болница

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев денеска донираше амбулантно возило за потребите на струмичката болница.

„Фирмата во сопственост на моето семејство денеска го донираше ова прекрасно возило со симболите и боите на македонското знаме. Возило кое што е од 2015, целосно во исправна состојба, ќе ги служи граѓаните децении. Секако нашата надеж е дека ќе има се помалку причини за тоа возило да се користи и дека ќе има се помалку луѓе кои ќе имаат потреба. Но, кога ќе има потреба посакувам да се користи со здравје и со среќа за сите граѓани од овој регон,“, рече Заев.

 

Слични содржини