Заев: Една просечна плата во Кавадарци вреди многу повеќе отколку во Скопје

од Nikola Popovski

Една просечна плата во Кавадарци вреди многу повеќе отколку во Скопје, во овој регион реконструиравме патишта, не тоа не го направи Митко Јанчев, туку Владата исто како што инвестиравме во гасоводот, водоводот и канализацијата, мостот во Ваташа, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на митингот во Кавадарци.

Тој наведе дека само оваа година над 8 милиони евра субвенции се исплатени на лозарите, навреме, за навремено да започнат со производство.

„Покрај редовните субвенции, издвоивме и дополнителни вкупно 12 милиони евра за санирање на штетите и последиците од ковид пандемијата, за производството, откупот на грозје и винската индустрија, дадовме поддршка за извозот, само лани исплативме преку 20 милиони евра за поддршка на лозарството“, нагласи Заев.

Тој истакна дека државата застана зад лозарите и им исплати 1,2 милиони евра за долговите на винарниците Стефани и Повардарие.

Заев потсети дека во градот Владата поддржа и млади земјоделци кои отворија млади винарии.

-Затоа просечната плата ја зголемивме на 28.700 денару, над 6000 денари за четири години,  инималната од 8-9000 денари ја зголемвиме на 15.000. а до крајот на годината и 18.000 денари, пензиите пораснаа 2000 денари за четрии години, а пензиите ќе растата уште повеќе од јануари со новата методологија согласно просечната плата и заради зајакнатиот пензиски фонд и буџет тоа може да го издржи.Ги раздолживме општините со на 50 милиони евра, и 500 милиони за проекти, граѓаните гледаат кој изгради 60 градинки, 80 училишта, а кој постави гипс картон, кој ја држи струјата под контрола а кој ја покачуваше постојано, рече Заев.

Слични содржини