Заев: Ќе делам ордени за здравствените работници, тие се нашите херои

од Nikola Popovski

„Кажете слободно ако ја барате мојата оставка. Нашиот здравствен персонал и сите здравствени експерти прават се што е возможно и тоа што се очекувало од нив. И апсолутно не треба никој од здравствен аспект да понесе било каква одговорност. Тоа се нашите херои“, изјави денес премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, додавајќи дека се спремаат ордени и тој ќе ги дели.

Тој вели дека тука за да им служат на граѓаните.

„Тоа е чест и одговорност во овие тешки моменти. Да носиме предвреме мерки и да правиме штета на економијата нема потреба. Еве сега носиме мерки кога треба. Ако има една причина каде нешто лошо сме направиле, освен чувството дека некој треба да прави харакири? Некој да направи било што поради мачнотијата? Никој нема предрасуди, ниту резерви. “, рече Заев.

Премиерот рече дека ќе се вакцинира во овој момент кога ќе треба да испрати порака до оние граѓани кои не веруваат во процесот и сигурноста на вакцините. Тој вели дека сега е редот на возрасните лица и хронично болните, а тој не сака да го нарушува тој ред.

„Ќе дојде и мојот ред, не се сметам за еден од највозрасните туку еден од експонираните и најверојатно ќе дојде мојот ред тогаш кога ќе треба да се убедат тие што се мислат дали треба да се вакцинираат, а не треба да се мислат. Не сакаме да нарушиме било каков ред оти некој е високо позициониран во општеството, да го почитуваме редот. Мојот ред ќе дојде ќе дојде токму тогаш кога ќе треба да биде дополнителна мотивација за сите оние кои се мислат“, рече Заев.

Слични содржини