Заев: Комбето со запленетата дрога не е во сопственост на фамилијата Заеви, секој што згрешил ќе си одговара

од Nikola Popovski

„Лицето Александар Ушилковски не е вработено во фирма на фамилијата Заеви, ниту фатеното возила е во наша сопственост. Како што самите можевте да видите, тоа е со грчки регистарски таблички“, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ праша дали Трајче и Бобан Заеви први братучеди на премиерот се директно вмешани во заплената на дрога кај Плетвар.

„Јас разговарав со мојот братучед (Трајче), тој моментално е во Дубаи и нема никаква поврзаност со запленетата дрога. Без разлика што возачот е сликан во негово друштво, законот важи за сите. Секој што згрешил ќе одговара и секој ќе си сноси одговорност, без разлика кој со кого е сликан или виден во друштво“, истакна премиерот.

Преку социјалната мрежа Фејсбук, од Обединетите Арапски Емирати вчера се огласи и Трајче Заев.

„Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви, а ниту еден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви“, потенцира тој во фејсбук-објавата и тврди не избегал, туку од 23-ти март е на службено патување.

Она што досега е познато дека организираната криминална група ја префрлила марихуаната од комбе со македонски регистарски таблички, во комбе со грчки регистрарски таблички, па тргнале во различни правци. Дрогата е фатена во грчкото комбе на патот Прилеп-Росоман, а во автомобилот на чело на колоната возила, бил командирот на полициската станица во Прилеп, Кире Спиркоски. Зад него во возилото бил Александар Ушликовски, а последно во колоната било комбето со дрогата. Истовремено, во Прилеп е фатен возачот на комбето со македонски регистарски таблички, а на бензиска пумпа во Гевгелија е уапсен и првоосомничениот Д.Ј. од Струмица.

Слични содржини