Заев: Преку нашата Фондација ги поддржуваме оние кои гласно предупредуваат и со тоа придонесуваат во борбата против анксиозноста, депресиите и зависностите

од Vladimir Zorba

Преку нашата Фондација ги поддржуваме оние кои гласно предупредуваат и со тоа придонесуваат во борбата против анксиозноста, депресиите и зависностите. Решението е во секој од нас, само треба да го пронајдеме.

Пред некој да крене рака на сопствениот живот, да му ја подадеме нашата рака за помош.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, по повод Светскиот ден на превенција од самоубиства, со 180.000 денари го поддржува театарскиот проект „Сам против сите“ чија тема е борбата против анксиозноста и депресијата.

Слични содржини