Заев со интензивна агенда: „Идентитетот не може да биде причина за блокада“

од Берта Китинска

С.Македонија и Албанија заедно да ги продолжат преговорите без натамошно одлагање, е ставот на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен која вчера го изнесен на средбата со премиерот Зоран Заев во Брисел.

„Европската комисија ќе се вклучи уште повеќе со суштински и посветен ангажман, бидејќи ова е многу важен процес кој не смее да го одложи стартот на преговорите со Македонија за членство во ЕУ“. – рекла фон дер Лајен на средбата, стои во владиното соопштение… .

Разделување на Македонија и Албанија е невозможно, порача премиерто Заев по средбата, додавајќи дека во интерес и на двете земји, но и на Унијата, е Скопје и Тирана евроинтегративниот процес да го продолжат во заедно.

„Наш интерес е да одиме заедно. Интерес на Албанија е да одиме заедно, да си помагаме заедно низ целиот овој процес и им посакувам на нашите соседи најдобро, исто како што им посакувам на нашите граѓани, но прагматизмот кажува дека Европа не смее ни да помисли на некои различни сигнали кои не се принципиелни, второ е невозможно. Трето, за да има следни успешни разговори, Србија-Косово, Босна и уставот, сето тоа што се разговара мора да го дадат сигналот на награда. Ние го заслуживме како никој друг пред нас, изјавил Заев.

Како што се наведува во владиното соопштение Заев нагласил дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет, наметнати како прашања од Бугарија, воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел и дека Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.

На средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји било нагласено дека идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции на Северна Македонија.

Вархеји, како што е соопштено, изјавил дека неговата цел, како и целта на Европската комисија е за време на актуелното португалско претседавање со ЕУ да се прифати преговарачката рамка за Северна Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ. Заев по престојот во Мадрид ќе ја заврши европската агенда со работна посета на Атина и со учество на Економскиот форум Делфи, a во Атина Заев ќе има средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.

Премиерот Зоран Заев ја продолжува европската агенда, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска ќе престојува во Мадрид.

Заев од завчера е во седиштето на ЕУ, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, на средби со високи претставници на ЕУ. Целта на средбите е да се расчистат дилемите што ги отвори еврокомесарот Вархеји минатата недела, кога во неколку наврати повтори дека Албанија и Македонија може да бидат разделени на патот кон ЕУ ако наскоро Македонија не го реши билатералниот спор со Бугарија.

Слични содржини