Заев: Црвенковски не може да биде ништо друго освен СДСМ

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев не верува дека поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, би можел да формира нова политичка партија.

-Гледам овие денови во јавноста е присутна информацијата дека Црвенковски ќе формира партија, никој не прашува дали оваа информација е точна. Црвенковски не може да биде ништо друго освен СДСМ. Не верувам во вакви приказни тоа не е точно, но треба да го прашате Црвенковски тој е еден од основачите на СДСМ беше премиер, претседател наш општественик. Шпекулациите се присутни поради новата листа во Охрид од наши докажани социјалдемократи. СДСМ покажа сериозно единство и за време на опозиција и за време на власта, вели Заев.

Слични содржини