Мандатарот Зоран Заев ќе има средби на ниво на премиер, што е преседан во бриселксата дипломатија. Тоа дефинитивно не значи ништо друго туку апсолутна поддршка за Зоран Заев,з а неговиот концепт,з а негововата нова ВЛАДА во каква ли комбинација да биде направена
Претседателот на СДСМ и мандатар Зоран Заев ќе присуствува на денешната неформална вечера на премиерите на шест балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини.
На оваа вечера ќе присуствуваат и премиерите на Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Целта на вечерата, како што е соопштено во Брисел, е да се разговара за состојбата во регионот во врска со последните случувања, како и да се погледне „како сите заедно може да се движат напред“.
Не е исклучено Зоран Заев , кој утрово отпатува за Брисел, во знак на поддршка за неговите политики да има и други средби, на високо ниво .