Заев во разговор со Радев: Дијалогот е клучен за довербата меѓу Софија и Скопје

од Nikola Popovski

Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова бил заедничкиот став на претседателот на Бугарија, Румен Радев и на премиерот Зоран Заев, кои денеска оствариле телефонски разговор, пренесоа бугарските медиуми.

Разговорот го иницирал македонскиот премиер Заев, соопшти прес-службата на бугарскиот шеф на државата.

Во разговорот се зборувало за аспектите на билатералните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изразуваат како Бугари во Македонија, како и за европската перспектива на државата.

Слични содржини