Заев: Вучиќ ќе прати неколку хеликоптери за гасење на пожарите

од Nikola Popovski

-Пред 3 и пол часа разговарав со српскиот претседател Александар Вучиќ и тој потврди дека ќе стави на располагање неколку хеликоптери за гасење на пожари, за да почнат од утре да доставуваат вода. Разговарав и со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, за да делуваме со сите ресурси за да не се прошири пожарот, изјави синоќа премиерот Зоран Заев од местото во Кочани каде што започна голем пожар.

Во меѓувреме, „канадерите“ остануваат приземјени бидејќи не се сервисирани, ниту пак досега е избрана фирма која ќе ги сервисира.

-Канадерите се приземјени, Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка од Хрватска за сервисирање и тоа уште утре ќе го направи за да се избегнат сите тие бавни постапки по јавните набавки. Но, двата хеликоптери утре ќе дејствуваат, рече Заев.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев кажа дека во пожарот изгореле покриви на две куќи, а уште гори складот за дрва на ЈП „Македонски шуми“. Девет лица имале потешкотии со дишењето поради вдишување на чад, им била дадена лекарска помош и веќе се пуштени дома.

Слични содржини