Заев за нападот во Виена: Моите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите и мојот пријател Курц

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев го осуди терористичкиот напад во Виена и изрази сочувство до австрискиот канцелар Себастијан Курц за жртвите и нивните семејства.

– Шокантни вести пристигнуваат од Виена, во време кога треба да стоиме обединети и да градиме солидарност. Јас силно ги осудувам терористичките напади и секое дело на насилство. Моите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите, луѓето во Виена и мојот пријател Себастија Курц, напиша Заев на својата официјална страница на Твитер.

Австрискиот премиер Себастијан Курц по вчерашниот  вооружани напади во центарот на Виена, порача дека земјата доживува тешки часови  и полиција ќе дејствува одлучно против извршителите на терористичкиот напад.

„Никогаш нема да бидеме заплашени од тероризам и ќе се бориме против овие напади со сите средства. За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, федералната влада одлучи федералната армија да ја преземе заштитата на имотот во Виена“, напиша Курц на фејсбук.

Слични содржини