Заев за случајот со Рашковски: Никој не е над законот, истрагата треба да ги даде резултатите

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски повтрои дека никој не е над законот, ниту е заштитен зашто е носител на некоја функција, но никој не е ниту виновен додека тоа не се докаже

-Прво е Државен завод за ревизија, второ е Антикорупциска комисија која ја има под мониторинг Владата, на крајот се истражните органи, Јавното обвинителство, судовите. Постојат контролни механизми, сигурно има и други институции надлежни во однос на јавните институции. Така и за генралниот секретар. Тој не е ни повеќе ни помалку од останатите. Се прават редовни, но и ад-хок контроли. Во Владата многу често е присутна контрола за економски криминал, зашто јавноста бара, присутна е контрола за организиран криминал, а постојано истражува и Антикорупциска, истакна Заев.

Слични содржини