Заев: Заедничкиот ангажман на САД и ЕУ на Западен Балкан е од суштинско значење

од Nikola Popovski

„Колку што транс-атлантските врски се посилни и стабилни, Западен Балкан е посилен, стабилен и просперитетен и затоа заедничкиот ангажман на САД и ЕУ на Западен Балкан е од суштинско значење”, потенцираше меѓу другото премиерот Заев на премиерскиот панел на тема „Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан” на „Преспа форумот за дијалог” во Охрид.

Светот значително се промени, продолжи тој, и додаде дека треба да можеме да се прилагодуваме на промените и да го правиме тоа брзо и дека секоја криза со која се соочуваме треба да се искористи како можност за зајакнување на овие врски, а една од нив е секако проширувањето на ЕУ сo земјите од Западен Балкан, процес кој силно го поддржува и САД.

За одлуката на ЕУ да не одобри старт на преговори за Албанија и Северна Македонија, премиерот на Албанија Еди Рама на панелот истакна дека двете земји продолжуваат уште поангажирано понатаму во регионот со нов интензитет, без да бидеме во депресија или фрустрирани заради одлуката на ЕУ.

На премиерскиот панел на тема „Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан” свое обраќање имаше и премиерот на Косово, Албин Курти кој порача дека граѓаните од сите земји на Западен Балкан треба да имаат трпение и да ја одржуваат надежта за нивна интеграција во ЕУ затоа што немаат друга алтернатива. „Во следните 4 години имаме добра шанса затоа што САД има претседател кој го познава регионот и затоа што го најави својот интерес за враќање во Европа и во регионот”, рече премиерот на Косово, Курти. Зоран Тегелтија, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина од своја страна истакна дека и покрај разочарувањата од одлуката на Брисел да го одложи проширувањето со земјите членки на Западен Балкан, во Босна и Херцеговина останува највисоко меѓу приоритетите на граѓаните членството во ЕУ и НАТО. Во очекување на одлуките од Брисел, рече Тегелтија, регионалниот „Шенген” е опцијата која може да му даде многу предности на регионот и на Босна и Херцеговина.

Слични содржини