Заев: Загадувањето на воздухот е огромен проблем, имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети

од Vladimir Zorba

„Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во општеството“, пишува на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

„Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Затоа дадов насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата.

Очекувам да се засилат сите контроли и сите надлежни да бидат постојано на терен со цел да се откријат и соодветно казнат оние кои го загрозуваат нашето здравје“, додава премиерот.

Слични содржини