Захарова: Можеме да употребиме нуклеарно оружје само во еден случај

од Stefanija Kuzmanovska

Хипотетички зборувајќи, руската употреба на нуклеарно оружје може да се случи само во вонредни околности и ќе биде можна само за одбранбени цели, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг со новинарите на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург денеска.

„Руската политика за нуклеарно оружје е строго одбранбена. Хипотетичката употреба на нуклеарно оружје е јасно ограничена од вонредни околности во рамките на строго одбранбени цели“, рече таа.

Захарова истакна дека Москва целосно го поддржува принципот за избегнување нуклеарна војна.

„Во неа не може да има победници. Никогаш не смее да се започне. Затоа постојано ги повикуваме сите страни да дадат заеднички изјави на лидерите на петте нуклеарни сили за спречување на нуклеарна војна и да се придржуваат до тие постулати“, нагласи Захарова.

Слични содржини