118
Групата за прекин на воените дејствија во Сирија ќе се состане утре во Женева, изјави денеска специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура.
Тоа ќе биде прва седница на оваа Група, создадена од Меѓународната група за поддршка на Сирија.
Де Мистура изјави дека утре ќе биде објавен датумот за обновување на меѓусириските преговори во Женева, кои беа прекинати на 3 февруари.
Пратеникот на ОН кусо одговараше на новинарски прашања пред почетокот во Женева на третата седница на Групата за хуманитарни прашања, создадена исто така од Меѓународната група за поддршка на Сирија