Закерберг ги покажа боречките вештини, реакциите урнебесни: „Кога вака со Илон Маск?“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Марк Закерберг не објавува често детали за својот личен живот на социјалните мрежи, но синоќа објави нешто повеќе од едноминутно видео во кое ги покажа своите боречки вештини.

Основачот на Фејсбук го објави ова видео на социјалната мрежа како поддршка на својот тренинг партнер Каи Ву кој дебитираше во УФЦ натпреварувањето.

Видеото за неколку часа го погледнале два милиони луѓе и стана хит на Фејсбук, предизвикувајќи многу коментари.

Додека некои ги пофалија ударите со глава и соборувањата на Марк на подот, други го замолија да не ги користи вештините во секојдневниот живот и го прашаа кога се очекува да го има своето деби во УФЦ.

„Ова е многу забавно за гледање“, „Пријателе, растураш! Импресиониран сум“, „Браво, Марк. Ти им даваш пример на младите дека и со многу работа можеш да стигнеш да тренираш и да бидеш здрав“, „Не е лошо, само вежбај“, „Кога ќе го снимаш ова со Илон Маск?“, „Одлични вештини, објавувај уште вакви видеа“, се само дел од коментарите под видеото.

Слични содржини