Закерберг го „пецна“ Маск пред закажаната пресметка

од Nikola Popovski

Основачот на Мета, Марк Закерберг денеска изјави дека „не му застанува здивот“ за претстојната борба во кафез со сопственикот на компанијата X, Илон Маск.

Тој на својата социјална мрежа „Threads“ истакна дека го предложил 26 август за нивната пресметка, како одговор на објавата на Маск на неговата мрежа X во која напиша дека „тренира цел ден“ за борбата.

На прашањето на корисник на „Threads“ дали борбата била меѓусебно договорена, Закерберг одговорил дека станува збор за „обезбедени финансии“, алудирајќи на најавите на Маск во 2018 година кога го кажа истото за медиумските извештаи за продажбата на акциите на „Tesla“, до што не дојде и поради што Маск плати казна од 20 милиони фунти за лажно претставување инвеститори.

Маск и Закерберг договараа пресметка на социјалните мрежи во последните месеци, при што Маск во неделата објави дека нивната борба ќе се пренесува во живо на X, порано позната како Твитер, додавајќи дека целиот приход од борбата ќе оди во добротворни организации кои се грижат за американската воени ветерани.

Како одговор, Закерберг напиша: „Зарем не треба да користиме посигурна платформа која всушност може да собере пари за добротворни цели?“.

Слични содржини