Законите за СЈО и за заштитени сведоци утре на собраниска седница

од desk3

Утре, во 11 часот, на пленарна седница на Собранието, пратениците ќе расправаат за измените на Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци, договориле денеска координаторите на пратеничките групи со претседателот Трајко Вељаноски.

sobrani11-860x680

Пратеничката група на СДСМ и на здружената опозиција во петокот до Собранието достави барање за свикување итна седница, на која на дневен ред ќе бидат предлог-закон за измена и за дополнување на Законот за заштита на сведоци и предлог-закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или Специјалното јавно обвинителство.

Опозицијата ги повика сите парламентарни политички партии да се приклучат и да дадат поддршка на оваа иницијатива и сите пртеници поединечно да дадат лична поддршка за донесување на овие закони.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија најавија дека нема да прифатат разгледување на какво било барање и предлог што потекнуваат од Специјалното јавно обвинителство, а е надвор од законот за СЈО договорен од четирите партии во согласност со Договорот од Пржино.

 

МЕТА

Слични содржини