Започна поставувањето на нов вид на „лежечки полицајци“: Eве како тие функционираат (видео)

од Nikola Popovski

Делови од Европската унија полека ги заменуваат класичните лежечки полицајци со нови стабилизатори во сообраќајот. Тие биле инсталирани од германскиот град Ханау, а веќе постојат во некои шведски градови како Карлштадт, Упсала и Малме.

Новата варијанта на лежечкиот полицаец се состои од надзорна камера и активен стабилизатор во сообраќајот. Возачите кои возат под ограничувањето на брзината, нема да го почувствуваат затоа што ќе остане на нивото на патот. Направата ќе се спушти неколку центиметри само ако возачот вози премногу брзо и, откако автомобилот ќе помине преку него, возачот ќе го почувствува влијанието, пишува „Ревија ХАК“.

Возачите кои возат под ограничувањето на брзината нема да имаат никакви последици, патниците ќе имаат поголема удобност,а нивниот автомобил нема да биде удиран постојано и нема да биде оштетен. Пред самиот стабилизатор ќе биде поставен сообраќаен знак.

Слични содржини