Зеленски го потврди учеството на самитот на НАТО во Вилнус

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди личното учество на самитот на НАТО, што ќе се одржи во главниот град на Литванија, Вилнус, од 11 до 12 јули.

Зеленски во видеообраќање најави дека во Вилнус ќе има билатерални средби на различни нивоа, меѓу кои ќе има средби со претставници на европските земји, Америка, Канада и Јапонија, пренесe Укринформ.

„Приоритетите се апсолутно јасни: противвоздушна одбрана за нашите градови, за сите заедници низ земјата, работиме на создавање небесен штит. Исто така, оружје за линијата на фронтот – ќе разговараме за ова во Вилнус. Се разбира, ќе разговараме и за други аспекти на заштитата на животот и нашата заедничка безбедност“, рече тој.

Слични содржини