Зеленски: Ситуацијата ја стабилизиравме, но не би издржале нова офанзива на Русите

од Симе Стоиков

Во интервју за Си-Би-Ес во напуштена зграда на истокот на Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека големата руска офанзива ќе започне на крајот на мај или во јуни.

Со приближувањето на пролетта, Зеленски рече дека украинските сили успеале да го спречат рускиот напредок по најлошите зимски месеци.

„Ја стабилизиравме ситуацијата. Подобро е отколку пред два-три месеци кога имавме голем дефицит на артилериска муниција и разни видови оружје. Но воопшто не видовме голема, огромни контраофанзиви од Русија. Не беа успешни во тоа“, рече Зеленски но призна дека инвазијата на руските трупи со нивните проектили и гранати уништиле некои села.

„Немавме куршуми, артилериски гранати, многу различни работи“, рече тој како дел од причините.

Првиот човек на Украина нагласи дека иако неговите трупи досега успеаја да ги задржат Русите на дистанца, тие не би билe подготвени да се одбранат од уште една голема руска офанзива што се очекува во наредните месеци, поточно мај или јуни.

Тој рече дека она што е најпотребно е американскиот одбранбен противракетен систем Патриот и повеќе артилерија.

Слични содржини