Зеленски: Украина заслужува покана за НАТО

од Симе Стоиков

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се заблагодари на секоја земја што склучила билатерален безбедносен договор со Киев и посочи дека „Украина заслужува покана за членство во НАТО“.

„Украина смета дека регионот на Балтичкото Море конечно доби историска шанса за стабилна безбедност откако Финска и Шведска се приклучија на НАТО. Истата безбедност е потребна и во регионот на Црното Море. Како демократска нација која ги брани заедничките вредности на Алијансата, Украина заслужува покана за членство во НАТО“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателите на Литванија и Полска, Гитанас Наусед и Анджеј Дуда во Вилнус.

Како што е наведено во прес-службата на украинскиот претседател, Зеленски побарал Европската унија да ја прими Украина во јуни оваа година.

„Јуни е вистинско време за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија. На Европа и е потребен овој сигнал за Путин да не биде во искушение да мисли дека Европа покажува слабост“, рече Зеленски.

Зеленски денеска во Вилнус разговараше и со унгарскиот претседател Тамаш Шујок за подготовката на Глобалниот самит за мир и понуди да се приклучи на Декларацијата на Г7 од Вилнус за поддршка на Украина. Тој му се заблагодари на народот на Унгарија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Слични содржини