Земјотрес ги размрда скопјани

од Nikola Popovski

Утрово во земјава почувствуван е земјотрес со слаб интензитет. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, потресот се случил во 9 часот и 54 минути според локално време.

Според првичните информации, епицентарот е на тромеѓето меѓу Македонија, Косово и Србија. Земјотресот најмногу бил почувствуван во главниот град и неговата околина.

Јачината на земјотресот била 2,2 степени според Рихтер. Од ЕМСЦ додаваат дека епицентарот бил четири километри северо-источно од Скопје, на длабочина од пет километри.

Слични содржини