Земјотрес од 3,1 степени ја погоди Македонија

од Vladimir Zorba

Земјотрес со јачина од 3,1 степен бил регистриран во близина на Штип, во Северна Македонија во 12:34 часот.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од Штип (82 километри од Скопје) на длабочина од три километри.

Засега нема податоци за можна материјална штета или повредени.

Слични содржини