Зенку: Курти има амбиции да биде паналбански лидер, но не му успева – ќе се засрами како и во 2019

од Nikola Popovski

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети е дециден дека премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија. Смета дека јавната поддршка на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) во 2019 година било мешање во политичката сцена во Македонија. На констатацијата дека Курти ја поддржува албанската опозиција тој вели дека не знае дали „Самоопределување“ е регистрирана партија, но е запознат дека „интерес пројавиле многумина од меѓународната заедница“.

Оттаму се поставува прашањето дали постои загриженост кај Ахмети дека Курти со поддршката за Европскиот сојуз за промени може да му ги „помати сметките“ на претстојните избори? Новинарот и познавач на состојбите, Дритон Зенку во разговор за „Локално“ вели дека претседателот на ДУИ нема причина да се грижи за политичко влијанието на Албин Курти меѓу Албанците во Македонија.

-Врамувањето на Курти во албанската политичка сцена во Македоника веќе е прочуена песна. Не е првпат што тој се вклучува во политиката сцена на Албанците во Македонија. Во 2019 година Курти водеше кампања за Блерим Река и политичките партии Алијанса за Албанците и Движењето Беса. Изборниот резултат веќе е познат. Блерим Река не успеа да собере повеќе од половина гласови што ги освоија Имер Селмани и Мухарем Неџипи како албански кандидати за претседател на државата, констатира Зенку.

Според него, косовскиот премиер има амбиции да биде паналбански лидер и тоа е очигледно, но според Зенку, изгледа не успева.

-Во 2021 Курти учествуваше и на парламентарните избори во Албанија и освои нула пратеници. Овие два примера докажуваат дека ништо ново нема да се случи во албанскиот политички блок. Албин Курти ќе се засрами како и во 2019 година, оценува новинарот.

Претседателот на ДУИ го спореди Курти со Вучиќ, при што соговорникот смета дека изјавата на Ахмети е поврзана со меѓузаедничкиот фактор и односите меѓу Косово и Албанија.

-Вакви забелешки стигнаа и од официјална Тирана. Овој потег на Курти пред се му штети на Косово, која постојано е во конфликт со официјален Белград поради организирање на српски избори на територијата на Косово. Сега оваа политика на Белград, во некоја форма ја применува и Курти. И тука стои проблемот. Али Ахмети е тесно поврзан со судбината на Косово, бидејќи беше дел од ослободителното движење и поголемо влијание може да има Ахмети во Косово, отколку Курти кон Албанците во Македонија. Али Ахмети речиси секои три месеци, низ општините на Косово се прогласуваа за почесен граѓанин и му се доделуваат благодарници и признание за придонесот кон ослободувањето на Косово, информира Зенку.

Заклучува дека овој потег на Курти може само да ги разниша добрите односи меѓу Косово и Македонија, но и да ѝ наштети на неговата партија.

Косовскиот аналитичар Јетон Хаљими во изјава за албанските медиуми порача дека албанскиот премиер Еди Рама му простил на косовскиот премиер Албин Курти за мешањето во изборите во Албанија, но, според него, тоа нема да се случи во Северна Македонија, пишува „Euronews Albania“.

Хаљими тврди дека доколку Курти учествува на изборите во Северна Македонија, ќе биде уапсен.

-Курти излезе на изборите во Албанија, но заврши неуспешно. Рама му прости на некој начин. Курти минатиот пат беше во Македонија, но од институциите доби јасна порака дека доколку повторно оди таму, може да биде уапсен од органите на прогонот, рекол аналитичарот, додавајќи дека не е време Курти да создава раздор во регионот.

Н.П.

Слични содржини