Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет повторена откако Србија се најде во иста група со Косово

Бидејќи е утврдено, според правилата, дека Србија и Косово не можат да играат меѓусебно, ждрепката беше повторена.

од Бети Божиноска

Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет 2026 година беше прекината, а потоа повторена поради репрезентациите на Србија и Косово.

Причина за прекинот на ждрепката и новото извлекување е тоа што двете земји се најдоа во иста група.  Бидејќи е утврдено, според правилата, дека Србија и Косово не можат да играат меѓусебно, ждрепката беше повторена.

„Орлите“ беа сместени во групата четири, со Летонија, Италија и Шпанија, но дури откако се повтори ждрепката.

Континенталниот шампионат во 2026 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, а составот на осумте квалификациски групи беше решен со ждрепка.

Слични содржини