Зидан не го презема ПСЖ – засега

од Vladimir Zorba

Советникот на Зинедин Зидан, Алан Миљасио ги демантираше наводите дека прославениот фудбалски работник ќе го преземе Пари Сен Жермен.

Медиумите во петокот објавија дека Зидан ќе го замени Маурисио Почетино во Париз, но засега нема да има ништо од тоа.

„Сите овие гласини се неосновани. Јас сум единствениот човек на кој му е дозволено да го застапувам и советувам Зидан. Сопственикот на ПСЖ не контактирал директно со Зидан или со мене“, изјави Миљасио.

Почетино, кој пред 18 месеци беше назначен за шеф на „светците“ не успеа да го однесе клубот чекор понапред во Лигата на шампионите, бидејќи во осминафиналето беше елиминиран од Реал.

Тие го освоија единствениот трофеј сезонава во Лига 1.

Што се однесува до Зизу, тој е без клуб од крајот на сезоната 2020/21, кога го напушти кормилото на Реал.

Слични содржини