-3 Берово, -2 Скопје Петровец, -1 Струмица, Битола, 0 Кр. Паланка, Куманово…

од Vladimir Zorba

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

8 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-3 Берово, -2 Скопје Петровец, -1 Струмица, Битола, 0 Кр. Паланка, Куманово, 1 Скопје, Гевгелија, Претор, Лазарополе, Охрид, 2 Крушево, Штип, Дебар, 3 Прилеп, Д. Капија, Маврово, 4 Тетово, 5 Ѓуриште, 6 Виница, Тополчани, Пожаране, 8 Дојран.

 

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Сончево со мала до умерена локална облачност понекаде со слаб променлив ветер. Веќе во 7 часот има зголемена облачност во крајните западни делови, а во текот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен јужен ветер. Kон крајот на денот oблачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен јужен ветер. Температурата од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне oблачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата до 16 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Денес ќе се задржи релативно топло време со умерен, во западните делови повремено засилен јужен ветер. Во текот на ноќта и утре во текот на денот преку нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, понекаде особено кон југозапад можна е и појава на ретки грмежи. На повисоките планини врнежите ќе се од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и северните делови. Локално може да наврнат околу 15 литри на квадратен метар. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за 6 до 9 степени.

Слични содржини