360:Судствто само се избламира а не им направија услуга со условните казни-овие кривични дела не застаруваат!

од Vladimir Zorba

Во дебата на „360 Степени“, адвокатот и поранешен судија Валентин Зафиров зборуваше за условните казни изречени на учесниците во насилството во Собранието кои ги признаа делата.

– Oна што после 20:40 се случило во Собранието, секако ќе биде предмет на понатамошни истраги. Ќе се смени Обвинителството, не застаруваат овие кривични дела, особено кривичното дело „велепредавство“, „обид за убиство“, тие имаат долги рокови за застареност. Јас во принцип, мислам, кршејќи ги основните норми на кривичната постапка и правораздавањето во кривичното право, судијата или обвинителот свесно или несвесно, не им направија никаква услуга на овие што поминаа со условна казна. Одговорноста за ова, ако се изродат нови кривични дела во постапката, дека овие учествувале во обид за убиство, дека било тоа договорено, дека укинувањето на Собранието тука постои, како највисок орган во државата, тогаш ова ќе бидат само утврдени казни затвор чија условеност ќе се отповика. И заедно со другите казни, според одредбите на Кривичниот законик ќе им се изрече единствена казна затвор – рече Зафиров.

Слични содржини