Мицковски: Ќе понудиме конкретна програма

од desk3

Во СЦ „Борис Трајковски“, пред членството беа промовирани кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори под мотото „Новата ера почнува“.

„Ќе кажеме дека имаме план и јасна визија за новата ера. Во кризни времиња кога се рушат стандардите, кога се напуштаат проектите и кога народот го мачат многу прашања, одговорот е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што ќе го понудиме е конкретна програма. Ветуваме тоа што можеме да исполниме. Секој проект е решение, потребно на нашите граѓани. Ќе се реновираат 331 училиште. Децата заслужуваат најдобар третман. Ќе изградиме, прошириме и адаптираме повеќе од 135 градинки. Ќе адаптираме 223 зелени површини. 412 проекти за канализациони системи и канализации. Ќе се бориме против аерозагадувањето. ВМРО-ДПМНЕ најмногу градеше, а ветуваме дека и нашите градоначалници ќе реновираат и изградат стотици километри нови патишта“, рече генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски.

Слични содржини