Акумулатори со изминат рок можеби причина за потонување на аргентинската подморница

од desk4

Откриени се нарушувања при купувањето на акумулатори за потребите на исчезната аргентинска подморница Сан Хуан. Ова го нагласува весникот Ла Нацио, кој се повикува на материјали од Министерството за одбрана на земјата.

Весникот истакнува дека истрагата на военото министерство покажала дека аргентинската флота допуштила нарушувања при ремонтот, поправката и замена на акумулаторите.

Купувањето на оваа опрема одговарале на интересите на одредени добавувачи, поради што постапката се одолжила и биле биле доставени акумулатори со истечен рок на траење.

Достапните информации овозможуваат да се тврди дека овие договори не само што не ги исполниле критериумите на утврдената административна процедура, но и дека војниците кои одговарале за нивното склучување, вршеле нелегални активности, кои биле во интерес на добавувачите, компаниите Hawker Gmbh и Феростал АГ , се вели во извештајот на Министерството за одбрана.

Претходно денеска беше објавено дека двајца членови на екипажот на подморницата не биле во подморницата, бидејќи им бил одобрен одмор. Подморницата Сан Хуан од морнарицата на Аргентина пропадна во Атлантскиот Океан на 17 ноември и досега не е откриена.

Слични содржини