“Ал Џезира”: Конвојот со евакуираните од Алепо е нападнат – еден човек е убиен, четворица се повредени

од Vladimir Zorba

Вооружени мажи, верни на режимот на претседателот на Сирија Башар Асад, го нападнале конвојот со евакуираните луѓе кој утрово тргна од Алепо кон Идлиб. Тие убиле најмалку еден човек и повредиле уште неколку. Ова го изјави Ибрахим Абу Алаит од Сириската граѓанска одбрана за “Ал Џезира”.
Вооружените мажи пукале кон конвојот, за кој се тврди дека е составен од повредени и цивили жители на Алепо. Според Алаит, вооружените мажи кои не се официјално на услуги кон владата, отвориле оган. Најмалку еден човек е убиен, а други 4 се повредени. Меѓу нив е и медицински работник.

“Има многу сериозно повредени. Најмалку три лица имаат потреба од операција “, рече тој.

Утринава првите евакуирани од Алепо го напуштија градот и се упатија кон контролиран од бунтовниците градот Идлиб. Тоа е дел од договорот што Владата го склучи со бунтовниците. Со првиот конвој се транспортираат претежно луѓе кои имаат потреба од итно лекување.

Порано од руското Министерство за одбрана изјавија дека се подготвуваат за евакуација на повредени борци од опозицијата, кои ќе бидат преместени во Идлиб со автобуси и амбулантни возила. Растојанието помеѓу двата града е 65 километри.

Слични содржини